Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Влатко Стојановски: Задоволен сум што сум во топ-10 играчи по есенскиот дел, “хемијата“ во тимот е силата на Вардар
Влатко Стојановски: Задоволен сум што сум во топ-10 играчи по есенскиот дел, “хемијата“ во тимот  е силата на Вардар

Влатко Стојановски: Задоволен сум што сум во топ-10 играчи по есенскиот дел, “хемијата“ во тимот е силата на Вардар

Веќе зад нас се натпреварите од првиот круг, односно есенскиот дел од Македонскта кугларска лига, по крајот на истиот сосема заслужено како што беше и посакувано ќе “презимиме“ како есенски вице-прваци. Покрај тоа што Вардар  загуби три важни играчи во изминатите два преодни рока, на полусезона го повторивме резултатот од изминатата година. Неколку момци “загризаа“ во оваа сезона и го носеа тимот до триумфите, еден од нив е и Влатко Стојановски. Токму тој во есенскиот дел одигра одлично, по крајот на истиот се наоѓа заедно со Дарко Димитровски во топ-10 играчи во Македонската кугларска лига.   Стојановски кои изминатата сезона поради работни обврски поретко настапуваше и повеќе  беше како резерва во тимот оваа есен едноставно “експлодираше“ во позитивна смисла. Во продолжение ви носиме интервју со овој  вардаров куглар, Влатко Стојановски .

1. За почеток за нашите фанови, како и од кога Влатко се занимава со овој спорт, низ кариерата за кои клубови настапуваше пред да бидеш дел од црвено-црниот кугларски колектив?

g3

Cо куглање започнав 1999 година, во овој спорт навлегов следејки ги стапките на татко ми кој исто така беше активен куглар. Започнав да тренирам во кугларскиот клуб Mакпетрол, а моето прво натпреварувачко искуство беше во кугларскиот клуб Цер, други клубови во кој сум настапувал се и КК Македонска банка и тимот на КК Работнички.

2.Можеби за некого изненадувачки, но за тие кои те познаваат не. Успеа по есенскиот дел да бидеш во топ-10 “поединечни просеци“ во МКЛ. Како си задоволен од овој факт и вашата позиција пред зимската пауза која е во тек?

Секако дека сум задоволен од пласманот меѓу топ-10 играчи за оваа полусезона, но се надевам дека во наредниот период ќе го покачам нивото на игра за едно скалило погоре со тоа што уште повеќе би придонел за екипата. Да, завршивме втори оваа полусезона, добро функциониравме како тим иако со изменет состав сите одигравме на едно добро ниво и се надевам дека така и ќе продолжиме.

g5

3. Ослабнати сте сезоната за тројцата играчи со најдобри скорови во изминатата, но повторно ги имате истите резултати како и со нив на полусезона. Преземавте товар ти и уште неколку момци, на што се должи успехот на овој видеоизменат ростер?

Хемијата во тимот е исто така една од битните работи, мотивираноста, желбата, сето тоа ние го имавме и мислам дека успехот е неизбежен. Иако без тројца главни играчи кој многу ни фалат во тимот со што може би можеле да го загрозиме и Макпетрол, но што е тука е. Продолжуваме понатаму и се надевам со добри игри и во наредната полусезона би го задржале ова второ место.

4. Интересна “епизода“ оваа година која веќе изминува беше Купот на Македонија во кој го победивмте силниот тим на шампионот, КК Макпетрол со невројатни 1:7. Како го виде тој дуел во кој беше дел од составот како резерва?

Купот и финалето со Макпетрол беше еден позитивен шок како за мене така и за сите мој соиграчи, нормално они беа апсолутни фаворити во тој дуел, но во спортот стално подобриот не победува. Па така да и ние тогаш со максимално залагање и фантастична игра успеавме да ги изненадиме и да го освоиме Купот на Република Македонија во куглање што е еден од подрагите мој медали.

 g2

5.  Кои се твоите очекувања од оваа сезона на тимски план во двете натпреварувања, Македонската кугларска лига и националниот кугларски Куп на РМ?

Како што кажав во наредниов период очекувам уште подобри игри, очекувам до крајот на сезоната да го задржиме ова второ место со што било супер успех за нас. И за купот очекувам да го дадеме максимумот па што биде ќе видиме, се надевам на добар пласман- вели Влатко Стојановски за Вардар фанс.

Михајло Тушевски