Денес во ФФМ се одржа ждрепката за тоа кој судии ќе ја делат правдата за 18-то, воедно последно коло во оваа фудбалска есен. Ждрепката сакаше арбитарот Марјан Ецкоски од Охрид да го суди мечот меѓу Слога и Вардар, дуел што е дерби за ова коло во ПМФЛ.
Скопското дерби ќе се игра во недела, на 3-ти декември на стадионот во скопската населба Чаир. Дуелот е закажан со почеток во 13-00 часот. Oва е последно коло од есенскиот дел во шампионатот, но Вардар покрај тоа има за доигрување дуели кои се заостанати, мечеви во Купот на Македонија и еден дуел, последен во ЛЕ.