Кугларскиот тим Вардар оваа пролет ќе биде посилен за еден нов играч, станува збор за поранешниот јуниорски репрезентативец Јанковиќ Саша. Тој ќе го дополни нашиот ростер во битката за втората позиција во Македонската кугларска лига и возбудувањата во Купот на Република Македонија.
Саша во кугларскиот спорт е веќе 20-сетина години, неговите почетоци датираат во далечната 1998 година. Во својот кугларски пат и напредок треба да се потенцира дека бил јуниорски репрезентативец на Република Македонија каде има настап на СП. Од почетоците се до 2005 година е член на КК Работнички, следи пауза по која се враќа во куглањето во тимот на КК Империал Тобако. По нова пауза се активира во нашиот црвено-црн колектив, тој уште есенва стана дел од тимот. По процесот на адаптација поради големата пауза во кариерата кој го мина неверојатно добро подготовен е во целост да се стави на располагање оваа пролет. Веќе е влезен во натпреварувачки ритам, подготовен да одговори на пролетните предизвици кои го очекуваат.
Станува збор за квалитетен куглар, тоа го покажа на пријателскиот меч со КК ГТЦ кога имаше втор скор, во нашиот тим, квалитетот беше евидентен. Вардарецот имаше забележителен настап и на Државното поединечно првенство.