Пионерите на ракометниот клуб Вардар пред стартот на пролетниот дел од сезоната ќе земат учество на уште еден турнир. Избраниците на Зоран Петковски ќе бидат дел од турнир кој е во организација на клубот КЛ7, школата на капитенот на Македонската репрезентација, Кирил Лазаров.
На турнирот ќе се натпреваруваат екипи во две генерации, родени 2002 и помлади и 2004 и помлади. Учество ќе земеме во генерацијата 2002, во која покрај Вардар ќе се натпреварува и Пик Сегед ( Унгарија), потоа Металург и КЛ7.
Се очекува турнирот да стартува на 24.јануари (петок) и ќе трае до 26.јануари. Истиот се планира да се одржи во Скопје, најверојатно во спортската сала на „ОУ Круме Кепески“ во населбата Кисела Вода. Учесниците ќе ги поздрави Кирил Лазаров кој свечено ќе го отвори турнирот.