Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тудор: Добар натпревар, Вардар е екипа со доста добри играчи
Тудор: Добар натпревар, Вардар е екипа со доста добри играчи

Тудор: Добар натпревар, Вардар е екипа со доста добри играчи

Вардар го претрпе првиот пораз на зимските подготовки во Анталија, откако попладнево поуспешен од нашиот тим беше Хајдук. Иако Вардар имаше предност 70. минути од натпреварот, сепак, на крајот со три погодоци во финишот противникот дојде до победа.

По дуелот тренерот на Хајдук, Тудор, говореше за денешниот натпревар, Вардар и подготвителните натпревари.

„Добар натпревар со добар противник. Вардар е една доста добра екипа со добри играчи. Задоволен сум од натпреварот, повеќе сакам кога на вакви подготвителни натпревари имаме потешкотии, отколку се да е во ред” , рече Игор Тудор.

Целото видео можете да го погледнете тука: