Вардар иако водеше со 1:0 по првиот дел против Хајдук, сепак на крајот загуби со 3:1 и со пораз ги започна зимските подготовки. Вардар играше одлично се до 70. минута, имаше голем број на шанси во вториот дел да стигне и до втор погодок, но не постигна, тоа Хајдук знаеше да го казни и со три гола во последните 15. минути да дојде до целосен пресврт и победа.
Фудбалерите на Вардар на супер начин ги отворија зимските подготовки во Анталија и по само 12. минути игра имаа предност од 1:0 над хрватски Хајдук. Се играше 12. минута, Мицевски пресече една топка, претрча 20-сетина метри и во стилот на голем голгетер ја смести топката во мрежата на противничкиот голман за предност на нашиот тим. По голот, тимот на Хајдук ја презеде иницијативата, имаше неколку шанси, но Гачевски не дозволи да биде совладан. Покрај голот, во првиот дел беа за одбележување и две добри шанси кај Вардар преку Матеј Цветаноски, кој имаше добри можности да го зголеми и водството, но изостана реализација на младиот крилен фудбалер. Во првиот дел може да се пофали секој играч на нашиот тим, каде играа Гачевски, Брдаровски, Новак, Тошевски, Мицевски, но и помладите Реџепи, Ибиши, Ѓурковски, Игнатов и Велковски.
Вардар беше подобар тим во првите 15.минути од вториот дел, а имаше и две добри шанси да постигне нов погодок. Жуниор на два наврати не искористи добри шанси, а потоа и младиот Димоски кој од 20.метри биеше силно, а голманот на Хајдук одлично одбрани и спречи гол за нашиот тим. Во вториот дел се смени комплетниот тим на Вардар, во игра влегоа Аврамовски, Жуниор, Илиќ, Адем, Најдовски, Попзлатанов.. Во продолжението, во 68. минута Колевски имаше уште една супер шанса за гол, биеше од 15.метри само во добро поставениот голман на противникот. Во 74. минута, Хајдук ги казни сите неискористени шанси на нашиот тим и дојде до 1:1. Комплетен пресврт Хајдук направи во 82. минута. Димоски згреши на средината на теренот, а тоа противникот знаеше да го казни за гол и 1:2. Нова грешка, овој пат на Адем во 85. минута, за нова казна и гол на противникот и 3:1. Со овој резултат заврши дуелот.