Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар и Еурофарм во четврток ќе одиграат пријателски натпревар
Вардар и Еурофарм во четврток ќе одиграат пријателски натпревар

Вардар и Еурофарм во четврток ќе одиграат пријателски натпревар

Првиот натпревар во 2020 година за Вардар ќе биде на 23.јануари ( четврток). Се работи за контролен меч против екипата на Еурофарм Пелистер.

Мечот ќе се одигра во С.Ц. Борис Трајковски и ќе послужи како подготовка за двете екипи, за предизвиците кои им претстојат во продолжение од сезоната.

Утре се очекува, црвено-црните да бидат комлетни, на екипата ќе се приклучат осумте играчи кои беа дел од ЕП.

Дуелот против Еурофарм ќе биде прв и за новиот предводник од клупата на Вардар, се работи за Стевче Алушовски.