Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Европскиот Шампион утре ќе се комплетира, на екипата се приклучуваат играчите кои беа дел од ЕП
Европскиот Шампион утре ќе се комплетира, на екипата се приклучуваат играчите кои беа дел од ЕП

Европскиот Шампион утре ќе се комплетира, на екипата се приклучуваат играчите кои беа дел од ЕП

Европскиот ракометен шампион во текот на утрешниот ден ќе се комплетира. На играчите кои беа дел од ЕП им заврши одморот, па според договорот утре треба да се приклучат на тренинзите на Вардар.

Артурс Кугис, Даинис Кристопанс, Стојанче Стоилов, Данилл Шишкарев, Тимур Дибиров, Сергеј Горбок, Павел Атман и Глеб Калараш треба да се појават на утрешниот тренинг на екипата.

Најдоцна ќе се приклучи, Калифа Гедбан, кој со селекцијата на Алжир се натпреварува на „Африканскиот Куп на нации“, додека надвор од терените извесен период ќе биде германскиот интернационалец, Кристијан Дисингер пред кој претстои период на рехабилитација. Познато е дека на тренинзите се врати Жозе Де Толедо кој се уште нема одиграно ниту еден официјален меч сезонава за црвено-црните.

Вардар под водство на новиот тренер, Стевче Алушовски ќе се подготвува за првиот предизвик во новата година, тоа е гостувањето кај екипата на Кил.