На афричкиот шампионат вчера во последното 3.коло од првата групна фаза, селекцијата на Алжир се сретна со тимот на Мароко. Алжирците дојдоа до победа во еден ефикасен дуел со резултат 33-30.
Како лидери во групата-Д со максимални 9.бода обезбедија пласман во следната фаза која започнува веќе денес. На голот на Алжир свој настап имаше голманот на Европскиот првак, вардарецот Гедбан Калифа. Тој ќе остане единствен ракометар кој поради обврски кон селекцијата нема да се придружи на подготовките во оваа фаза, откако играчите кои играа на ЕП веќе го завршија својот настап.