Вчера, 19.јануари, заврши третото издание на “Светосавскиот“ ракометен младински турнир во Крагуевац. На истиот настапија машката и женска пионерска екипа на Вардар. Девојките успеаа да освојат прво место и златен медал со макимални трио победи.
По крајот на турнирот на свеченото доделување на наградите, пехарот го прими капитенот на вардарки, Александра Колевска. Подоцна беа доделени и златните медали на останатите девојки.