Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар го задржа ростерот во предниот рок, единствено Дане Јакимовски замина во Макпетрол
КУГЛАЊЕ! Вардар го задржа ростерот во предниот рок, единствено Дане Јакимовски замина во Макпетрол

КУГЛАЊЕ! Вардар го задржа ростерот во предниот рок, единствено Дане Јакимовски замина во Макпетрол

Според правилата на кугларска федерација на Македонија летниот преоден рок во Македонската кугларска лига   за сезоната 2016/17 започна на 20.05.16 година, а заврши на 20.06.16 година . Во истиот за нашиот црвено-црн кугларски колектив КК Вардар немаше поголеми турбуленции освен едно заминување. Велат тимот што победува не се менува, па  така воден од оваа позната изрека нашиот Кугларски клуб Вардар во преодниот рок не експериментираше премногу.

Единствен кој го напушти КК Вардар беше Дане Јакимовски, тој својата кариера ќе ја продолжи во ривалот на црвено-црните актуелниот “двоен шампион“ на земјава екипата на КК Макпетрол. Неговиот премин се одоложи дополнително и нат зададениот рок бидејќи двата тима мораа да го усогласат обештетувањето за овој премин на Јакимовски. Дане беше помеѓу најдобрите поедници во црвено-црните со трет скор оваа сезона. Драги Димитровски шефот на стручниот штаб на Вардар ќе остане да работи со грото негови пулени, а најзначајно за него е останувањето на најдобриот кугларски двоец во земјава Димитар Димитровски и Бојан Влаќевски за кои се очекува и следната сезона да бидат “ударни игли“ на вардарци во македонските натпреварувања и на настапот на Светскиот куп кој го очекува Вардар оваа есен. Вардар кој постои во ваков формат две сезони од ако ова име повторно жари и пали во македонските куглани успеја да дојде до една куп титула и три вице-шампионски пехари (два во првенството еден во купот). Во составот на црвено-црните остануваат следните имиња:

Димитар Димитровски – повекекратен шампион на Македонија, број 1 играч во државата, репрезентативец

-Бојан Влаќевски- репрезентативец, рекордер и заедно со Димитар најдобар тандем во лигата

-Миле Димковски – еден од најискусните во лигата

-Дарко Димовски –  екс член на многукратниот шампион на Македонија, Макпетрол.

-Влатко Стојановски – екс член на многукратниот шампион на Македонија, Макпетрол.

-Коста Ристевски – екс член на многукратниот шампион на Македонија, Макпетрол

-Марјан Згонц – некогашен репрезентативец

-Дарко Димитровски – млад и надежен куглар и репрезентативец и екс член на многукратниот шампион на Македонија, Макпетрол.

-Младен Донковски – млад и надежен потенцијален репрезентативец и еден од најдобрите во лигата.