Вардар вчера во попладневните часови пристигна во Хрватска Мура каде ќе престојува десет дена, и ќе ја одработи втората фаза од летните подготовки. Вардарци како и во Австрија, така и во Хрватска ќе имаат по два тренинга на ден, односно еден во раните утрински часови, а другиот во попладневните. Вардар во Хрватска ќе ја темпира формата за настапот во ЛШ против Динамо Загреб.
Вардар на Мура треба да одигра и две до три пријателски средби. Ријека и Марибор треба да бидат вистинските спаринг партнери за Вардар, а можно е да има и уште еден пријателски дуел, бидејќи дуелот со Динамо Загреб кој требаше да се одигра утре е одложен, поради меѓусебниот дуел на овие два тима во ЛШ.