Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познати можните противници на РК Вардар во Л.Ш и Металург дел од “европскиот крем“, но во неквалитетните групи
Познати можните противници на РК Вардар во Л.Ш и Металург дел од “европскиот крем“, но во неквалитетните групи

Познати можните противници на РК Вардар во Л.Ш и Металург дел од “европскиот крем“, но во неквалитетните групи

Европската куќа на ракометот ги дефинираше учесниците во двете квалитетни групи А и Б за следната натпреварувачка сезона 2016/2017 во елитната ЕХФ Лига на шампиони. Во истите  ќе настапува и нашиот  шампион РК Вардар. Ждрепката по која ќе се знае составот   на групите ќе се одржи на први јули. Можни противници во најквалитетната европската ракометна лига за нас се следниве:

  • Кил, Флензбург и Некар Левен (Германија),
  • Веспрем и Пик Сегед (Унгарија),
  • Кијелце и Висла Плоцк (Полска),
  • Мешков Брест (Белорусија),
  • Кристијанштад (Шведска),
  • Силкеборг (Данска),
  • Барселона (Шпанија),
  • ПСЖ (Франција),
  • Кадетен Шафхаузен (Швајцарија),
  • Целје (Словенија)
  • ППД Загреб (Хрватска)

Исто така покрај црвено-црниот ракометен колектив нашата земја ќе има уште еден преставник тоа е тимот на скопскиот ривал РК Металург кој доби вајлд-карта. Сино-белите од скопската населба Автокоманда ќе се натпреваруваат во т.н “неквалитетни“ групи Ц и Б, во кои играат тимови со значајно послаб ранкинг од групите А и Б систем кој европската ракометна федерација го воведен минатата година.