Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Марјан Николоски: Проектот “Јуниор лига“ е новитет на овие простори и треба да биде пример за другите земји на кои ракометот им е приоритетен спорт
Марјан Николоски: Проектот “Јуниор лига“ е новитет на овие простори и треба да биде пример за другите земји на кои ракометот им е приоритетен спорт

Марјан Николоски: Проектот “Јуниор лига“ е новитет на овие простори и треба да биде пример за другите земји на кои ракометот им е приоритетен спорт

Ракометната “Јуниор“ лига која е целосен проект на ракометниот клуб Вардар го имаше својот финиш во првата сезона на нејзиното функционирање. Повеќе од 20 ракометни школи низ цела Македонија ја имаа можноста да се натпреваруваат, надигруваат, но истовремено да стекнуваат нови искуства, познанства и пријателства. Познати се победниците во сите возрасни генерации, во машкиот и женскиот дел на Јуниор лигата. Каако пробен проект наиде на воодушевување кај сите ракометни школи, тренери и играчи кои од најмлади до највозрасни беа дел од ова натпреварување. Една од школите која освтари добри резултати и прикажа задоволителна игра е РК Филип-Вардар. Нивни тренери кои ги водеа сите генерации во машка и женска конкуренција беа Александар Таневски и Марјан Николоски.

-Проектот на Вардар за “Јуниор лига“ е новитет на овие простори и не само во Македонија, туку ова беше и останува проект за пример и во останатите држави на кои приоритетен спорт им е ракометот. Првата година помина генерално и над очекувањата, секога кога има толкава масовност нормално е и да има недостатоци што никако не смееме да ги сметаме како проблеми. Отука е и нашето мислење како клуб и член на Ракометната Академија Вардар, оваа лига започна и мора да продолжи.

Добивката на секоја ракометна школа во земјава од Јуниор лигата е тоа што се зголеми интересот на децата да тренираат се повеќе ракомет. Резултатот е повеќе од видлив, неколку играчи од РК Филип-Вардар беа дел од тимот на Академија 2, кој успеа да стане шампион во највозсрасната генерација. Женска екипа на РК Филип пак го освои второто место, кај генерација родени 2000/01 година.

-На самиот почеток имаше голема масовност за членство во нашата школа, квантитативно бројката порасна на околу 170 деца. Во продолжение на периодот после почетокот бројката драстично се намали па почна квалитетот да оди до израз. Се составија генерациски тимови за кои можам да кажам дека сме им посветени максимално. Како доказ на нашата работа се покажа самата селекција која ја спроведе Академија. Во најтесен избор поминаа 9 деца што процентуално спрема бројката на активни членови е повеќе од добро.

Секој викенд се играа натпревари во јуниор лигата, што говори за константната игра кај сите учесници во лигата.

-Кога сме кај одиграните натпревари по генерации мислам дека секое дете имаше најмалку од 24 до 27 натпревари за период од 8 месеци колку што траеше сезоната, а тоа значи очекуван напредок и сигурна потврда дека во иднина со толкава посветеност наша и на Академијата успехот е неизбежен, т.е Македонија може да се надева на надоградба од репрезентативно ниво за државниот дрес.

Најголемата заслуга за успешната работа во РК Филип-Вардар се препишува на главниот тренер Александар Таневски, од кого може многу да се научи. Веќе пет играчи од оваа школа од следната сезона ќе настапуваат во младинските категории на Вардар.

-Со Таневски сме веќе 4 години,тој има поголемо искуство од мене но се вклопивме во делот на размислувањата и функционалноста околу тренажниот процес и секако дека за мојот напредок како тренер е најзаслужен – има разбирање, трпеливост и познавање за ракометот а тоа не себично го споделува со мене а заедно и со децата кои тренираат кај нас. Морам да истакнам дека пет наши ракомери успеаа да влезат во младинските екипи на Вардар. Се работи за Христијан Стојчевски, Христијан Милошевски, Алек Чупетрески, Андреј Талески и Андреј Героски.

Очекуваањата се следната сезона се многу поголеми. Приоритет ќе биде да се зголеми бројот на екипи и секако некое коло да се игра и надвор од градот Скопје.

-За следната сезона нашите очекувања се да останеме во Академијата со што поголем број на наши членови, но морам да потенцирам дека Академијата мора да води сметка и за тренерите од внатрешноста на Македонија, што впрочем е и нивна обврска да се надоградуваат како децата така и тренерите, изјави Марјан Николоски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски