Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Младите надежи на ФК Вардар утрово заминаа за Краљево
Младите надежи на ФК Вардар утрово заминаа за Краљево

Младите надежи на ФК Вардар утрово заминаа за Краљево

Утрово Вардаровите генерации заминаа за Краљево, каде од денес па до недела ќе бидат дел од силниот меѓународен турнир “Кикер куп“. Ова ќе биде последен предизвик за нашите млади надежи за оваа натпреварувачка сезона. После напорната сезона во детската лига, натпреварите во Јуниор лигата, како и на домашни турнири, турнирот во Краљево ќе биде како една проверка за сработеното во текот на целата сезона.

Ќе нема многу одмор по пристигнувањето за нашите момчиња, кои попладне започнуваат со настапи на турнирот. Веќе ви ги претставивме и составите на секоја генерација, а секој тренер со себе понесе по 15 играчи. Им посакуваме многу среќа на сите, со можност за што поголем број на освоени трофеи.