Вардарци од Австрија своите подготовки ќе ги продолжат во Свети Мартин (Хрватска), каде продолжуваат со напорни тренинзи и работа пред најважниот предизвик што им следува на 12-ти јуни, а тоа е првиот натпревар од второто квалификационо коло против екипата на Динамо Загреб. За таа цел нашиот фудбалски шампион ќе одигра нов контролен натпревар и тоа против екипата на Ријека, дуел кој е закажан да се одигра на 29-ти јуни. Ова ќе биде еден од посилните тестови за формата на Вардар и увертира пред двомечот со Хрватскиот шампион.
Како што знаеме на подготовите во Австрија, црвено-црните одиграа два контролни натпревари и двата завршија со нерешен резултат и тоа со идентични 1:1. Првиот беше против тимот на Штурм, а вториот против Спартак Трнава. Засега од клубот се потврдени две засилувања. Тоа се голманот Игор Алексовски и Бразилскиот напаѓач Џонатан Балотели. Моментално на проба со екипата е и колумбиецот Јон Обрегон.