Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познати противниците за Македонската ракометна репрезентација на СП во Франција
Познати противниците за Македонската ракометна репрезентација на СП во Франција

Познати противниците за Македонската ракометна репрезентација на СП во Франција

Македонската ракометна репрезентација ги дозна противниците во групната фаза, за светското првенство кое во јануари 2017 година ќе се одигра во Франција. Ждрепката сакаше во група да бидеме со домаќинот Франција, потоа Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола. Интересен од тренерски аспект ќе биде дуелот на Лино Червар и Веселин Вујовиќ, кој е селектор на Словенија. По подолго време од настапите, кога Вујовиќ беше тренер во Вардар, овие двајца тренери ќе имаат повторно меѓусебе судир. Во оваа група од Вардаровите ракометари, покрај Стојанче Стоилов ќе биат застапени и Шпаниците, Штервик, Душебаев, Македа и најновото засилување Жоан Канелас кои го носат црвено-црниот дрес. Во останатите групи ќе нема меѓусебни дуели на играчи од ркометниот клуб Вардар.

Група А: Франција, Полска, Русија, Бразил, Јапонија, Норвешка.

Група Б: Шпанија, Словенија, Македонија, Исланд, Тунис, Ангола.

Група Ц: Германија, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Чиле, Саудиска Арабија.

Група Д: Катар, Данска, Шведска, Египет, Бахреин, Аргентина.

Првите четирипласирани од секоја груп продолжуваат во следната рунда на натпреварување. Светското првенство ќе биде актуелно од 11-29-ти јануари 2017 година.