Сосема очекувано “бронзената“ европска екипа на Вардар повторно е меѓу оние женски екипи што директно ќе играат во групната фаза во женскиот сегмент од ЕХФ Лигата на Шампионите . Веќе и се познати се имињата на екипите кои ќе учествуваат во Лигата на шампионките. Познато е кои се оние што директно ќе играат во групната фаза, и се знаат имињата на тимовите кои ќе треба да се играат квалификации за место во елитата во женскиот европски ракомет.
Ждрепката за одредување на учесниците во групната фаза кај девојките исто како и кај момчињата ќе се одржи на први јули. Оваа сезона како и минатата ќе биде истиот систем на натпреварување. Екипите ќе бидат поделени четири групи со по четири екипи, најдобрите три од секоја група прават две новоформирани групи во т.н “главната фаза“. По вториот дел во групите првите четири се пласираат во 1/4-финале, а победниците од тие дуели ќе играат на Ф4 турнирот каде ќе се добие шампионот за сезоната 2016/2017. Екипи кои директно се пласирани во групната фаза се следните:
- Будуќност
- Ѓер
- Вардар
- Ларвик
- ЧСМ Букурешт
- Есбјерг
- Астраханочка
- Турингер
- Савехоф
- Мец
- ФТЦ
- Митјиланд
- Ростов
Екипи што ќе играат квалификации се следните: Хипо, Подравка, МКС Лубљин, Конверсано, Бера Бера, Далфсен, Гомељ, Јенимахале, Гласверкет, Лајпциг, Крим и Михаловце.