По одличниот прв дел од минатата сезона и успешното враќање по повредата во вториот дел од сезоната атлетичарот на Вардар Зафировски Петре ќе биде единствениот кој ќе настапува за АК Вардар во сезоната 2015 година . Се до враќањето од незгодната повреда на “ахиловата тетива“ на колегата Марко Ивановски . Чие враќање се очекува во вториот дел од сезоната .
Зафировски заедно со својот легендарен тренер за Македонските атлетски прилики Трпе Мартиновски се подготвува за својот таргет “Скопскиот Маратон “ кој е закажан за 10 Мај по улиците на нашата Метропола . На ова најголема атлетска манифестација во земјата Зафировски ќе се обиде да ја истрча најдобрата трка во својата кариера на пеколната делница од над 42 км .
До тогаш Зафировски како преставник на АК Вардар го има потврдено своето учество на трките организирани од Армијата на Република Македонија . И на крос кантри трката “ Гази Баба Челинџ “ организирана од endurance.mk.
Можно е на пролет да настапи на еден полу-маратон и на државното првенство на 10.000 метри . Но сето тоа зависи од потребите за темпирање на формата за “ Скопскиот Маратон “ на кој се фрлени сите карти сезонава .