По повод 18 август денот на Армијата на Република Македонија во среда на 11 август се оддржа атлетска трка во должина од 6км. На истата настапи нашиот Петре Завировски. Тој покажа фантастичен перформанс и покрај катастрофалните амбиентални услови.
Патеката долга 6км ја мина за 21 минута и 43 секунди. Од прв до последен метар трчаше со Мајор, Игор Јакимовски и имаа братски финиш со што во апсолутен пласман го поделија второто место. Единствено пред нив финишираше Милош Ранчиќ. АРМ ги награди со медали лојалните граѓани кои настапија на оваа манифестација.
Па така Завировски помеѓу натпреварувачите кои не се припадници на АРМ го освои првото место. Ова е втора трка на Завировски во вториот дел на сезоната и покажува одлични пероформанси. По завршување на трката тој кратко изјави:
Ме учеа од мал секогаш и секаде да одговорам на повикот на Армијата на Република Македонија!!! Да живее Армијата на Република Македонија!!! Да живее Македонија!!!
За настапот на Завировски свое обраќање имаше и Мајор Игор Јакимовски- Цел живот лојален граѓанин на својата Армија и точно една деценија присутен на скоро сите армиски трки. Денес ја круниса таа долга традиција со највисокото место на подиумот во конкуренција на атлетичари од АФМ, а втор во генерален пласман.
Респект за Петре Завировски