Ракометарите на Вардар 1961 го загубија натпреварот од Супер купот на Македонија. Вечерва Вујовиќ го изостави половина од тимот, па тоа на најдобар можен начин го искористи Еурофарм Пелистер да дојде до убедлива победа од 31-22.
Првите пет минути од натпреварот му припаднаа на нашиот тим, кој имаше предност од 3-2 со головите на Гаџа, Дибиров и Стоилов. Добрата игра на ,,црвено – црните” продолжи и кон средината на првиот дел, па така веќе во деветтата минута, со голот на Дибиров, Вардар дојде до плус два, 5-3. Максималните плус три беа поставени во 12.минута, а стрелец беше Талески. Потоа Вујовиќ малку го измеша составот, посебно во нападот каде шанса добија помладите играчи, а тоа умешно го искористи противникот кој дојде на егал, 10-10 во 20.минута од натпреварот. Во продолжението се играше гол за гол, кај вардарци Дибиров беше прва ,,виолина” со шест голови, а на спротивната страна Периќ имаше добра партија. На полувреме се замина со 14-14.
Вториот дел Вардар го одигра многу лошо. Противникот започна со серија од 4-0, што на крајот се покажа како одлучувачки фактор. Недостатокот на многумина новајлии, си го направи своето. Веќе во 40.минута од натпреварот противникот дојде до највисоките плус четири, 18-22. Како одминуваше натпреварот, така и залагањето на вардарци беше се помало. Талески на десет минути пред крајот постигна убав погодок за минус од четири. Сепак, противникот ја исконтролира играта, па така до крајот на натпреварот немаше поголеми резултатски проблеми.
Кај Вардар, Дибиров даде седум гола, пред Талески со пет.