Попладнево, женската кадетска репрезентација на Македонија беше поразена на ЕХФ Шампионатот, од Шпанија со 24-27. Сепак и по овој натпревар на ЕХФ шампионат во литванскиот град Клаипеда, шансата за полуфинале останува, доколку утре ја совладаме Финска.
Се играше гол за гол до 4-4, потоа нашиот ривал, селекцијата Шпанија полека да почне да ја презема контролата на теренот. На одмор заминавме со шест гола негатива, предоста на ривалот беше 11-17. Во вториот дел ја зголемија предноста, на петнаесетина минути до крајот беше 17-25, но серијата од три гола на Македонија преку Еленин, Дукоска и вардарката Јана Равојска намаливе на 20-25. Успеавме пред финишот да дојдеме само на два гола негатива, намаливме на 24-26, но немаше време и прилика па бевме поразени со резултат 24-27.
Од вардарки имавме две кои погодија на оваа средба и тоа: Коцева Бојана 2.пати и еднаш Равојска Јана.
Утре, девојките на Савевски ќе се борат за место во 1/2-полуфиналето во директен дуел со селекцијата на Финска во натпревар кој почнува утре од 16-00 часот.