ЖРК Вардар работи под „полна пареа“, се започнати летните подготовки, од вчерашниот тренинг ви донесовме фотогалерија на Вардар фанс. Веќе беа прекомандувани три кадетки, од денес уште една е дел од првиот тим. Кадетскиот состав предводен од Платон и Папуџиева е „непресушен извор“ на квалитетни засилувања, тим кој совладуваше Супер лигаши на соочувањата со нив.
Станува збор за феноменалниот голман, Вероника Ѓорѓиевска девојка која е дефинитивно најдобар голман во кадетскиот мак.ракомет. Зад себе има дузина признанија на меѓународни турнири и на првенствени Ф-4 завршници. Иако неоправдано беше „скратена“ на списокот на кадетската селекција, сепак животот дава шанси. Ќе биде дел од првиот тим на ЖРК Вардар, сосема заслужено доби шанса да се придружи екипата. Таа ќе ја засили конкуренцијаа на голманската позиција, вардарки годинава ги очекуваат настапи во ракометна европа и на домашен терен. Потег за поздравување на раководството на тимот.
Денес, утрово го имаше првиот тренинг со остатокот од тимот во сала, попладнево продолжува на кондициониот тренинг. Се очекува нејзино деби за ЖРК Вардар веќе на меѓународниот турнир кон крајот на овој месец организиран од Ѓорче Петров-ЖРК во Скопје.