Вардар не успеа да го одбрани трофејот во Супер Купот, откако беше поразен од тимот на Еурофарм Пелистер. На натпреварот кој се одигра во С.Ц. Борис Трајковски, екипата од Битола славеше убедлива победа со резултат 22:31.
Вардар беше подобар во првиот дел, во еден момент имаше и три гола предност, но почетокот на второто полувреме беше пресудно за поразот.
После натпреварот, свое видување даде Вујовиќ, кој изрази незадоволство од пристапот на неговите играчи.
„Немам ниедна замерка на победата на Еурофарм Пелистер. Ова е првиот меч од оние многу кои нè очекуваат многу оваа година. Некои играчи се далеку од енергијата која е потребна Вардар да биде она кое е. Можеби ова е добро предупредување на почетокот. Има уште многу во играта за промена, ама некои играчи ќе мора да се замислат дали ќе може да го носат дресот на Вардар. Незадоволен сум посебно од македонските играчи, на кои многу посветувам време, вложувам и на нив сметам, а покажаа дека се далеку од квалитетот. Ако продолжат вака сите сме во големи проблеми“
Дибиров истакна дека боли начинот на кој Вардар загубил, но дека ова е предупредување за продолжение од сезоната.
„Ова е прв натпревар, многу сме разочарани не поради поразот затоа што сега е период на подготовки, туку разочарани сме од начинот на кој загубивме. Првиот дел беше доста добро, но во вториот дел паднавме малку во играта. Поради правилата на домашни и странци, не можевме да регистрираме уште неколку играчи, ни страдаше ротацијата поради тоа и екипата не може да држи исто ниво цело време.
Но, не бараме алиби, оваа „шлаканица“ е добредојдена. Може да видиме сега каде грешевме и во кој аспект треба да работиме. Знаеме дека ни следи тешка сезона. Мора да ги кренеме главите и да работиме уште подобро од претходно. Нема простор за разочарувања и за нервози, туку само работа“,