Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар во последното коло ќе биде слободен, на пауза заминуваме на 2.позиција
ЖКК Вардар во последното коло ќе биде слободен, на пауза заминуваме на 2.позиција

ЖКК Вардар во последното коло ќе биде слободен, на пауза заминуваме на 2.позиција

Со последниот дуел против ЖКК Шкупи во гости кој го добивме со  43 поени позитива, односно со резултат 34-77  ја затвораме оваа 2018 година со официјални средби. Викендов на програмата е 10.коло во првата Женска лига во кое девојките од Вардар се слободни.

Девојките на Жаклина Стојановска на пауза ќе одат како второпласиран тим на табелата, пред нас ќе биде единствено екипата на шампионот Бадел. Ние првенството го започнавме со седум победи во низа, потоа во “Кале“ доживеавме пораз од баделки, потоа   кај чаирчанки забележавме убедлива победа. На пролет не очекува разврската во лигата и во Купот на Република Македонија каде ќе се обидеме трети пат по ред да бидеме шампиони. Првото пролетно коло е закажано за на 26.јануари, во истото гостуваме кај тимот на Пелистер во Битола.