Унгарскиот веб портал „delmagyar.hu”, вели дека на Марин Шего му истекува договорот со Сегед и дека хрватскиот голман можно е да ја продолжи кариерата во македонскиот шампион, Вардар. Тие велат дека не би било изненадување ако тренерот на Вардар, Роберто Парондо го ангажира во црвено-црниот табор.
Оваа информацијата доаѓа по веста од вчера дека Роланд Миклер кој досега беше дел од тимот на Веспрем, потпиша три-годишен договор со Пик Сегед. Шего е искусен 33-годишен голман, тој е во Пик Сегед од 2016-та, во кариерата настапуваше уште за Извиѓач Љубушки, Зрињски Мостар, Перутнина, Загреб, Висла и Келце.
.