После напорната полусезона во Лигата на Шампионите и СЕХА-лигата, екипата на РК Вардар се наоѓа на одмор. Сепак дел од играчите ќе заминат на подготовки со своите репрезентации, за претстојното Светско првенство кое во месец јануари ќе се одигра во Германија и Данска, а дел ќе заминат на заслужен одмор кој ќе трае до божиќните празници.
Репрезентативни обврски ќе имаат Стоилов и Поповски со Македонија, потоа Дибиров, Калараш, Шишкарев и Кисељев со репрезентацијата на Русија, потоа Карачиќ со Хрватска и Милосављев со Србија. Од повреди се опоравуваат Борозан, Горбок, Кристопанс и Фереира, додека денес операција направи и Гедбан.
Првиот собир во новата година, црвено-црните ќе го имаат на 8. јануари, а останатиот дел од екипата ќе тренира со помошникот на Парондо, тоа е Билјана Црвенковска. Парондо заедно со Гонзалез ќе ја предводат Македонија на СП. На првиот собир во новата година ќе се појават играчите кои нема да настапат на СП, тоа се Кизиќ, Петковски, Ѓорѓески, Недановски, Мишевски, Скубе, Чупиќ, Дисингер и Војвододиќ.
Вардар годината ја заврши на првото место во СЕХА-лигата, каде на 13 одиграни натпревари имаше 11 победи и 2 порази. Во најсилната група А, црвено-црните се наоѓаат на второто место на табелата, со скор од 6 победи, 1 нерешен резултат и 3 порази. Првиот меч во новата година ќе биде во рамките на СЕХА-лигата, кога на 3.февруари гостуваме кај екипата на Војводина, додека три дена подоцна не очекува дуел од ЛШ, гостувањето кај Рајн-Некар.