Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардарките, Пејковска и Петрушевска со селекцијата заминаа за Охрид на подготовки за Рига
Вардарките, Пејковска и Петрушевска со селекцијата заминаа за Охрид на подготовки за Рига

Вардарките, Пејковска и Петрушевска со селекцијата заминаа за Охрид на подготовки за Рига

Она што функционираше добро во ноемврискиот „прозорец“, стручниот штаб на нашата женска сениорска селекција предводен од селекторот Владимир Ѓоровиќ, сака да го повтори и во наредниот период. Оној во кој нашата најдобра женска селекција ќе се подготвува за настап на последниот турнир од квалификациите за Евробаскетот, кој оваа година ќе се одржи во Шпанија и во Франција.

Од вчера, па во наредните седум дена, избраничките на селекторот Ѓоровиќ се во Охрид каде ќе биде реализиран првиот дел од подготовките.

По завчерашното задолжително PCR тестирање од корона вирус, реализирано во Клиниката „Жан Митрев“ во Скопје, кандидатите за место во националниот тим се упатија во Охрид, каде вечерва од 17.30 часот, во салата „Билјанини извори“  ќе биде одработен првиот тренинг

Во малку изменет состав од оној кој ги одигра двете последни средби во „балонот“ во Рига. Во овој февруарски „прозорец“ на ФИБА, националниот тим ќе биде составен од познати кошаркарки кои веќе биле дел од репрезентацијата.   Дел од оваа селекција се и вардарките Ивона Пејковска и Јована Петрушевска.