Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци завршија со настапите на СП, познати се сите 1/4 финалисти
Вардарци завршија со настапите на СП, познати се сите 1/4 финалисти

Вардарци завршија со настапите на СП, познати се сите 1/4 финалисти

Со одигрување на вчерашните натпревари познати се сите репрезентации кои ќе играат во 1/4 финалето на светското ракометно првенство.

На овој мундијал учество земаа осум ракометари од редовите на Вардар, но нашиот клуб ќе нема претставник во следната елиминациска фаза.Откако Македонија ги заврши своите настапи, истото им се случи на Хрватска и Полска, во чии состави имаше по еден играч од Вардар.

Хрватска е можеби најголемото непријатно изненадување на СП, со оглед дека не успеаа да се пласираат ниту во најдобрите осум репрезентации. Уште на стартот од мундијалот се виде дека тешко ќе оди за хрватите, кога одиграа без победник во дуелот со Јапонија. После поразот од Аргентина уште повеќе се искомплицираа работите за момците на Червар, а последната шанса ја испуштија во последното коло кога речиси беа „прегазени“ од селекцијата на Данска. Иако Катар им направи услуга и ја победија Аргентина, сепак Хрватска не успеаа да направи подвиг и беше убедливо поразена од Данска со резултат 38:26. Само едно полувреме успеаа „коцкестите“ да бидат рамноправен противник кога на одмор заминаа со само два гола негатива, иако на одредени моменти од првиот дел беа и во предност. Сепак Хрватска одигра многу лошо второ полувреме и на крајот заслужено беше поразена, што значеше и крај на настапите.

Иван Чупиќ натпреварот го заврши со три постигнат голови. Во оваа група, интересно Катар со победата над Аргентина успеа да се пласира во 1/4 финалето.

Селекцијата на Полска во чии редови настапуваше вардаровиот пикер, Патрик Валчак оствари солиден пласман на мундијалот во Египет. Иако не успеаа да се пласираат во 1/4 финалето, сепак оваа селекција имаше добри резултати и позитивно изненади. Во последното коло од групата 1 во еден интересен натпревар селекциите на Полска и Германија одиграа со нерешен резултат 23:23. Иако Полска треба да жали што не победи, имаше предност во најголем дел од мечот и последен удар за триумф.

Валчак се запиша во листата на стрелци со еден погодок.

За крај, Македонија го имаше најлошиот пласман на едно натпреварување, пласирајќи се на 23.место, Полска заврши на 13, додека Хрватска на 15.место.

Двојките за 1/4 финалето се следниве:

Франција – Унгарија

Шведска – Катар

Шпанија – Норвешка

Египет – Данска