Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Нова иницијатива за спас на ФК Вардар, ʺЕден за сите, сите за Вардарʺ
Нова иницијатива за спас на ФК Вардар, ʺЕден за сите, сите за Вардарʺ

Нова иницијатива за спас на ФК Вардар, ʺЕден за сите, сите за Вардарʺ

Иницијатива за Спас на ФК “Вардар“
Раководството на Културно – просветно друштво ʺВардарʺ со огромна загриженост ја следи финансиската криза во која се наоѓа ФК Вардар. Истата се заканува да ја доведе во прашање иднината, па дури и опстанокот на нашиот најголем фудбалски бренд. ФК Вардар е најпопуларниот и најсаканиот фудбалски клуб во Македонија со огромен број на приврзаници. Толку многу генерации на македонски граѓани израснаа со успесите на ФК Вардар, фудбалските звезди кои произлегоа од него, што кај сите нас побудуваше не само спортска, туку и национална гордост.
Време е таа огромна црвено-црна армија на приврзаници на ФК Вардар да покажеме дека сме во состојба да му помогнеме на нашиот љубимец во можеби најтешкиот момент на неговото суштествување. Суштествувањето и развојот на ФК Вардар е важно за огромен дел од македонските граѓани, кои се негови приврзаници, како и за имиџот на македонскиот фудбал во целина. Не може да дозволиме иднината на ФК Вардар да зависи од добрата волја на поранешниот спонзор на клубот за да ги подмири долговите на клубот. Со тоа ФК Вардар се претвора во своевиден зависник без излез.
Од горенаведените причини раководството на Културно – просветно друштво ʺВардарʺ зема решение за започнување на донаторска кампања ʺЕден за сите, сите за Вардарʺ.
Веруваме дека во нашата иницијатива ќе се вклучат сите негови, и наши приврзаници, кои Вардар го сметаат како дел од себе, и сите оние кои го сакаат спортот, спортски ентузијасти, спортски работници, спортски легенди, бизнисмени.
Пред да ја започнеме нашата кампања сметаме задолжително да одржиме средба со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и со луѓе од самиот клуб Вардар, како би го уточниле начинот по кој ќе се спроведува кампањата. Тоа подразбира и медиумска кампања преку изработка на промотивно видео со цел иницијативата да стигне до најголем број на приврзаници на ФК Вардар. И она што е најважно, средствата од донаторската кампања да одат само и единствено за потребите за непречено функционирање на ФК Вардар.