Вечерва ќе бидат познати сите осум репрезентации кои ќе се пласираат во 1/4 финалето на СП во Египет, а таму може да нема ниту еден претставник од редовите на Вардар.
Откако Македонија ги заврши настапите на мундијалот, репрезентација за која настапија четири вардарови играчи, честа да ја спаси остана само Иван Чупиќ кој вечерва со Хрватска ќе се обиде да забележи победа и да се пласира во следната елимнинациска рунда.
Сепак тоа нема да биде ниту малку лесно, со оглед дека за противник ја имаат селекцијата на Данска, која без разлика на конечниот исход од вечерашниот дуел, ќе игра во 1/4 финалето, со оглед дека моментално се наоѓа на првото место на табелата. За Хрватска нема да биде доволно само победа за да ги продолжат настапите на мундијалот и да се надеваат дека можат да играат за еден од медалите. Доколку Аргентина го победи Катар, тогаш Аргентина ќе биде селекцијата која со Данска заедно од групата 2 ќе продолжат понатаму. Во минатото коло, избраниците на Червар беа непријатно изненадени од селекцијата на Аргентина, која има се во свои раце, триумф против Катар ја носи оваа репрезентација во следната рунда.
Патрик Валчак исто така вечерва го очекува напревар со својата репрезентација, која за противник ја има Германија. Без разлика на исходот од натпреварот, Полска е без шанси да се пласира во најдобрите осум селекции, со оглед дека во групата 1, репрезентациите на Унгарија и Шпанија на едно коло до крајот си го продолжија претстојот на СП.
Досега пласман во 1/4 финалето покрај Унгарија и Шпанија, обезбедија уште и Данска, Франција, Норвешка, Шведска и Египет.