Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > СЕХА: Мечот Вардар-Нексе закажан за 1 февруари
СЕХА: Мечот Вардар-Нексе  закажан за 1 февруари

СЕХА: Мечот Вардар-Нексе закажан за 1 февруари

Познат е терминот за вториот дуел за Вардар 1961 во СЕХА лигата сезонава. Мечот против тимот од Хрватска, Нексе  е закажан за 1 февруари 2021 година. Средбата треба да се игра во Сц „Јане Сандански” со почеток во 20:15 часот.

Договорот доаѓа откако и репрезентацијата на Хрватска ги заврши натпреварите од СП, па играчите се вратени во своите клубови. Исто така и Вардар очекува репрезентативците што настапуваа на СП да се приклучат на подготовките и да бидат комплетни.

Шестмина играчи на Вардар 1961 настапуваа на СП во Египет, од кои четири за репрезентацијата на Македонија (Стоилов, Мишевски, Талевски и Димитриоски) и по еден за Хрватска (Чупиќ) и Полска (Валчак).
Потврдени термини за СЕХА лига

28 јануари 2021
Вардар 1961 – Војводина (17,45 ч.)

1 февруари 2021
Вардар 1961 – Нексе (20,15 ч.)

27 февруари 2021
Мотор – Вардар 1961 (20,15 ч.)