Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар ќе игра во Куп финалето, во 1/2-фин. лесно го совлада Работнички
ЖКК Вардар ќе игра во Куп финалето, во 1/2-фин. лесно го совлада Работнички

ЖКК Вардар ќе игра во Куп финалето, во 1/2-фин. лесно го совлада Работнички

Кошаркарките на Вардар одново ќе се сретнат против ривалот Бадел 1862 во рамки на КУП-финалето закажано за денес (недела, 14. април) откако вчера во полуфиналето славеа над кошаркарките на Работнички со убедливи 73-48 односно 22-8, 23-10, 17-15 и 9-14 по делници.

Вардарки беа доминантни по теренот во текот на целиот натпревар, а резултатската позитива од првиот период им донесе опуштена игра сведена на рутина. Девојките на Жаклина Стојановска доминираа во целост и ќе се обидат по 3ти пат во низа да дојдат до Куп круна во ова натпреварување.

Целосната статистика од натпреварот е достапна на следниот ЛИНК.