Денес на теренот во Драчево своите натпревари во рамките на регионалната-скопска лига ги одиграа генерациите на ФК Вардар родени 2004 и 2005 година кои гостуваа на екипата на Шкупи.
Генерацијата 2005 на Вардар одигра со нерешен резултат (2:2) во дуелот со екипата на Шкупи. Екипата на Шкупи успеа прва да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 во 14 минута од мечот. Сепак до крајот на првото полувреме, вардарци успеа да постигнат два гола и да направат комплетен резултатски пресврт. Најпрво во 23 минута израмнување на резултатот донесе Никола Величковски, за во 31 минута со погодокот на Матеј Гаштаров да направиме резултатски пресврт и да поведеме со резултат 1:2. Сепак во вториот дел во 65 минута, противникот успева да постигне и втор гол и да израмни на 2:2, што на крајот се покажа и како конечен на овој дерби меч од регионалната лига. Двата гола екипата од Чаир ги постигна од слободен удар.
Вардар: Илиевски, Јакимовски, Јовановски, Спасиќ, Величковски (c), Гаштаров, Кулуковски, Таневски, Дошев, Цветков, Галевски.
Во игра влегоа уште Ристовски и Лефковски.
Генерацијата 2004 за жал го загуби натпреварот од екипата на Шкупи, што значеше и губење на лидерската позиција после подолго време. Избраниците на Георгиески денес претпреа нов пораз, втор последоватален на гостински терен, откако и на дуелот со Милано во Куманово останаа без бодови, денес не успеаа да стигнат до бод ниту во дуелот со Шкупи. Почетокот на мечот не навестуваше ваков исход, откако вардарци многу рано уште во 4.минута од мечот го отворија резултатот и поведоа со 0:1 со голот на Бесар Гуџуфи. Овој резултат беше актуелен и на полувреме. На стартот на вториот дел, домашниот тим го израмни резултатот на 1:1, за во 60 минута да го сврти резултатот во своја корист и да поведе со 2:1. Ова беше и конечен резултат на мечот.
Вардар: Ангелов, Љушев, Павлески, Каровски, Милошевски (c), Јаневски, Ибраим, Гуџуфи, Стоимов, Серафимов, Стојановски.
Во игра влегоа уште и Попов, Мишовски, Перковски и Ѓорѓиевски.
Работнички после ова коло е нов лидер, откако денес минимално со 0:1 славеше на гостувањето кај екипата на Милано и на тој начин го превзеде од Вардар првото место, со предност од еден бод.