Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките на Вардар со “ракометна лекција„ за Металург, победа со двојна предност
Пионерките на Вардар со “ракометна лекција„ за Металург, победа со двојна предност

Пионерките на Вардар со “ракометна лекција„ за Металург, победа со двојна предност

Денес во 8.коло од пионерската лига односно првото пролетно коло на домашен терен пионерките на ЖРК Вардар ја пречекаа екипата на Металуг во дербито на првиот и вториот тим од табелата. Вардарки ја “забетонираа“ лидерската позиција со висока побеа од 13 гола предност, девојките на Анжела Платон доминираа и триумфираа со 26-13.

c-2

Противникот поведе од пенал со 0-1, ние веднаш за само 60.секунди со два врзани гола направивме пресврт, за 2-1 стрелаше Бојана Коцева. Одбраната го дигна нивото, Веронија Ѓорѓиевска ја “спушти ролетната“ тоа беше наградено во напад. Два гола постигна крилото  Андовска Зорица, па во 8.минута првпат отидовме на плус три (4-1). Точно на средината од првиот дел во 10.минута поведовме со четири гола, по досуден  пенал над капитенот Коловска, успешна од 7.метра беше Мила Пешиќ која стрелаше за 6-2. На 5.минути до крајот првпат отидовме и на плус пет, по одбраната на Ѓорѓиевска имавме брза трансформација по која добивме пенал. Непогрешлива беше новакот во оваа пролет Сара Стефановска која погоди за 8-3. Противникот тука се “скрши“, ние почнавме да газиме во поле.  Со двата прекрасни гола на Коловска Алекс и голот на Пешиќ Мила отидовме на високи 11-4  на нецели две минути до крајот.  Сино-белиот тим  намали на 11-5, но со пожртвуван пад помеѓу два свои “чувари“ бекот Борјана Коцева ја врати позитивата од седум гола. На пауза девојките на Платон заминаа со резултат 12-5.

c6-2

Вториот период од 20.минути започна со по неколку технички грешки на двата тима и по само еден гол во првите три минути за резултат 13-6, нашата предност беше висока па ни даваша комоција. Веднаш се вративме во ритам, Коцева Бојана погоди, Леа Христова имаше две успешни интервенции, а Ангеловска Ива  во 26.минута стрелаше по брза контра за 15-6, во тој момент првпат отидовме на девет гола предност. Нашата одбрана одигра неверојатно, сите девојки одиграа на ниво,  противникот немаше решение за мотивираните црвено-црни пионерки, со два брзи гола на Коцева Борјана и  Ангеловска Ива  поведовме со 19-7 во 28.минута, по што клупата на Металург побара тајм-аут.

c2-2

Платон одлично го ротираше тимот, постојано одржувајќи го високиот ритам на игра со кој ривалот едноставно не можеше да се носи. Сепак и тоа не им помогна веднаш во нивниот гол стрелаа Миланова Андреа и Мила Пешиќ за 21-7. Равојска Јана треба да се напомене како една од најборбените во одбраната, девојка со кревка конституција, но со голем борбен дух.  Се беше решено до крајот остана само рутински да се доведе дуелот до крај, победата дојде со точно двојно повеќе голови од противникот, триумфот прв на домашен терен или осми во лигата го впишавме со резултат 26-13.

c3-2

Стрелците додатно ќе ги објавиме во фотогалеријата поради технички проблем со записникот.