Вчера во големата сала при СЦ “Јане Сандански“ во Скопје во рамки на 8.коло од пионерската лига односно првото пролетно коло на домашен терен пионерките на ЖРК Вардар ја пречекаа екипата на Металуг во дербито. Со доминанта игра вардарки ја потврдија лидерската позиција со висока побеа од 13 гола предност, тие триумфираа со 26-13.
