Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар атакува на 7/7, следен предизвик гостување кај ЖКК Гостивар
Вардар атакува на 7/7, следен предизвик гостување кај ЖКК Гостивар

Вардар атакува на 7/7, следен предизвик гостување кај ЖКК Гостивар

Избраничките на Жаклина Стојановска по шест победи оваа пролет викендов ќе атакуваат на седмиот успех во лигата. Минатото коло во СРЦ “Кале“ го пречекавме тимот на ЖКК Работнички кој го добивме во дербито со 73 – 66.

Девојките на ЖКК Вардар гостуваат во Гостивар кај истоимената женска екипа од истиот град во средбата од 17.коло. Дуелот се игра во четврток, 14/03/2019. Ние сме фаворити на овој дуел, како и на поголем дел од натпреварите од Првата лига. На есенскиот дуел во Скопје победивме со 59 поена позитива односно со резултат 101 – 42. Ние сме второпласирани на табелата по 16.кола со 29.бода еден помалку од лидерот Бадел. Го имаме вториот најдобар напад во лигата, и најдобрата одбрана во единствената женска лига.