По седум сезони поминати во црвено-црниот дрес, Игор Карачиќ на крајот од оваа сезона ќе го напушти Вардар и ќе се приклучи на тимот на Киелце, дознава Вардар Фанс.
За жал, Карачиќ и Вардар не се договорија за продолжување на соработката, средниот бек во новата сезона се сели во шампионатот на Полска, каде ќе игра со поранешните вардарци, Циндриќ и Душебаев.
Карачиќ освои се што можеше со Вардар, а круна на неговата кариера е освојување на Европската титула.