Девојките на Симовски Симе и Александар Царчев ги очекува “пеколен“ период. Од денес до недела, односно во шест дена ќе одиграат ни помалку ни повеќе четири дуели. Два во Супер лигата и два во Младинската женска лига и ќе имаат само два слободни дена. Се надеваме дека девојките на ЖРК Вардар ќе дадат максимум на овие средби.
Денес, вторник не очекува дуел во “Јане Сандански“ со Чаир од 18-00 часот, в четврток од 17-00 часот играме во Битола со Пелистер. Во сабота е клучното дерби во Автокоманда со Металург за младинската круна, во недела го пречекуваме ЖРК Спартак кој оваа зимо додатно се засили во суперлигашки дуел.
- Вардар-Чаир (младинска) вторник
- Пелистер-Вардар (Супер лига) четврток
- Металург-Вардар (младинска) сабота
- Вардар-Спартак (Супер лига) недела