Денес во 4-тиот дуел за нив оваа есен ЖКК Вардар гостуваше во салата „Перо Наков“ во Куманово кај истоимениот тим. Девојките на Жаклина Стојановска дојдоа до убедлива победа со 77 поени позитива.
Се беше решено по првиот период ние одигравме фантастично, ја оправдавме улогата на голем фаворит. Домаќинот по 20.минути имаше само едноцифрена бројка. На одмор заминавме со високи 8-65. Вториот дел беше чиста формалност, само додатно ја зголемивме својата предност, добија шанса речиси сите девојки на овој дуел од нашиот тим. Победата дојде со резултат 21-98. Црвено-црните дами дојдоа до 8.бода оваа есен, ние имаме 100% ефект односно 4 победи на 4 дуели во групата Исток и сме лидери на табелата.