Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кристопанс: Во споредба со Вардар, тимот на ПСЖ нема толку силна тимска игра
Кристопанс: Во споредба со Вардар, тимот на ПСЖ нема толку силна тимска игра

Кристопанс: Во споредба со Вардар, тимот на ПСЖ нема толку силна тимска игра

На поранешниот ракометар на Вардар не му оди баш најдобро прилагодувањето во Франција и во тимот на ПСЖ. Самиот податок што играч како Кристопанс не го покажува најдобриот свој потенцијал во новиот тим и е далеку од посакуваната форма што ја имаше во Вардар, вели дека нешто недостасува во адаптацијата на Летонецот.

,,Доколку се погледне во минатото тогаш може да се увиди дека секогаш имав тешки први сезони во новите клубови. Периодот на адаптација трае доста долго. Во споредба со Вардар, тимот на ПСЖ нема толку силна тимска игра. Играчите се посилни на индивидуален план. Се обидувам повеќе да го слушам тренерот и да не се обидувам да правам ,,чуда”. Секако, секогаш има простор за напредот” , изјави Кристопанс за медиумите во Летонија.

Кристопанс засега во ЛШ има постигнато 16 погодоци.