Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар од 15 до 17.февруари ќе ја брани Куп титулата, Струга 2009 ривал во 1/2-фин.
ЖКК Вардар од 15 до 17.февруари ќе ја брани Куп титулата, Струга 2009 ривал  во 1/2-фин.

ЖКК Вардар од 15 до 17.февруари ќе ја брани Куп титулата, Струга 2009 ривал во 1/2-фин.

На завршниот турнир на кошаркарскиот  Куп на Република Македонија  ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дел на првенството во Првата женска лига.  Финалниот турнир за Купот на Македонија  ќе се одржи од 15. до 17. февруари 2019 година, и на истиот Вардар ќе учестува само во женска конкуренција.

Во женската прволигашка конкуренција ќе разигруваат четирите прворангирани екипи по системот 1-4, 2-3. Па така  Бадел 1862 во едното полуфинале ќе се надигрува со ЖКК Работничи, а тимот на  Струга 2009 во  второто полуфинале ќе се сретне со нашиот ЖКК Вардар. Девојките на Жаклина Стојановска ќе се обидат да врзат три пехари во низа. Табелата врз основа на која се одредуваат двојките  по есенскиот дел изгледа вака:

  1. Бадел 1862
  2. Вардар
  3. Струга 2009
  4. Работнички