Денес стартува третото коло по групи на Светското ракометно првенство. Од 18:00 часот на “мегдан„ излегуваат селекциите на Македонија и Хрватска.
Ова ќе биде директен судир и на три вардарови ракометари. Од една страна ги имаме Стоилов и Поповски, додека на спротивната страна е Карачиќ. Сите тројца се најдоа во составите на своите селекции на денешниот дуел. По првите две кола, Македонија и Хрватска имаат максимален број на освоени бодови и овој меч ќе биде приоритет да се победи и да се остане на врвот на табелата во рамките на групата А.
Интересен ќе биде и тренерското соочување на Гонзалез против поранешниот селектор на Македонија, Лино Червар кој е актуелен селектор на Хрватска. И двајцата добро се познаваат од времето кога беа тренери во Вардар, односно Металург. Многу меѓусебни натпревари имале, па си ги знаат опасностите, но и слабостите.
Денешниот дуел ќе оди со директен пренос на МРТ-1, како и на Арена Спорт-1. Се надеваме на добра игра и победа за Македонија, која би не довела чекор поблиску до пласман во следната фаза, што беше и цел за репрезентацијата пред почетокот на мудијалот.