Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! Вардарки ги “запалија моторите“, стартувани зимските подготовки
КОШАРКА! Вардарки ги “запалија моторите“, стартувани зимските подготовки

КОШАРКА! Вардарки ги “запалија моторите“, стартувани зимските подготовки

Во понеделникот покрај двата ракометни црвено-црни клуба, фудбалскиот и кугларскиот за кои ве известивме и женскиот кошаркарски тим “Вардар“ ги започна зимските подготовки. Тие во понеделникот на 9-ти јануари го имаа првиот собир во 2017 година со кој официјално тргнаа во подготовките за пролетните возбудувања во женската македонска конкуренција.

17

Тимот својот прв тренинг го одржа во нивниот дом, малата сала при спортско рекреативниот центар “Кале“. Девојките таму ќе имаат тренинзи во кои ќе ја подобруваат физичката и техничка подготовеност пред следните предизвици. Пријателски мечеви се очекуваат во подготвителниот период, иако сеуште нема конкретен договор со некој тим за “контролка“. Прв предизвик за девојките е Купот на Македонија во женска кошаркарска конкуренција кој е закажан за крајот на идниот месец, февруари. Девојките на Вардар беа одлични во есенската полуетапа, како второпласирани тие  “презимаат“, тие имаат шест победи по ред врзани во низа.