Заврши зимската пауза за девојките, тие тргнаа со подготовките во понеделникот. Во женската ракометна Лига на шампиони еден од најголемите ривали ни е Будуќност. Голманката на црногорскиот тим, Марта Ждериќ во изјава за медиумите појаснува на јавноста колкаво значење имаат судирите помеѓу овие два балкански гиганта.
Треба и мора да се даде се од себе на стартот на главната фаза од Лигата на шампионките. Играме со Вардар, кој е силен тим. Нема калкулации, се надевам дека ќе победиме и ќе ги земеме првите бодови против нив. Но, нема да биде лесно. Вардар се воозбили и сега е многу друга екипа во однос на лани и е посериозен тим. Разликата ја прават неколку овогодишни засилувања, меѓу кои е норвешкото крило Камила Херем, кое е врвно засилување.
Викендов играат двата тима “контролка“ во регионалната лига. Сепак вистинското е она кога гостуваме кај црногорскиот претставник на 29 јануари во Подгорица во мечот од шампионскта лига. Вардарки во т.н главна фаза пренесува 7 бода, а еден помалку Будуќност, односно бода. Голманката зборува во продолжение за своите очекувања во Л.Ш.
Изминатата сезона имавме поголем притисок, но оваа сезона го немаме оној притисок дека мораме да го направиме тоа. Но, знаеме каде играме и што претставува Будуќност во европскиот ракомет. Кој и да дојде во овој клуб, размислува на начин дека овде играат шампионки. Затоа, не размислуваме многу, само ќе играме и се надевам дека ќе победуваме. Секој натпревар за нас ќе биде нов празник. Никој од нас не размислува дали ќе одиме на фајнал-фор или слично. Веруваме во тоа, но пред се, сакаме да покажеме добра игра. Имаме одлични ривали во наредната фаза.