Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Историја > Среќен роденден Саша Ќириќ вардарова легендо
Среќен роденден Саша Ќириќ вардарова легендо

Среќен роденден Саша Ќириќ вардарова легендо

Денес својот 49-ми роденден го прославува еден од најдобрите македонски фудбалери кој имаше богата домашна, а пред се интернационална кариера Саша Ќириќ. Тој во раните 90-сети години ги бранеше боите на ФК Вардар. Саша остави рекорди во црвено-црниот дрес кои и ден денес се несоборени , како на пример постигнатите 36 гола во сезоната 1992/93 што се “ Најмногу првенствени голови во една сезона од ПМФЛ“, рекорд кој и денес 23 сезони подоцна ниеден фудбалер во мак.фудбалот не успеал да го собори. Но и серија други кои ќе ви донесеме во посебен текст во иднина..

фотографија на Горан Поповски

ЗЛАТНАТА КОПАЧКА ЗА НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ ВО СЕЗОНАТА 1992/1993 СО 36 ПОСТИГНАТИ ГОЛОВИ, ДОДЕЛЕНА ОД ВЕСНИКОТ ,,ВЕЧЕР” ВО РАЦЕТЕ НА ВАРДАРОВИОТ БОМБАРДЕР САША ЌИРИЌ

Редакцијата на Вардар Фанс од се срце му го честита роденденот и му посакува голем успех на професионален план и се разбира пред се добро здравје.