Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Термини за двата меча на вардарки во Регионалната ВРХЛ лига, кои ќе се играат викендов во Подгорица
Термини за двата меча на вардарки во Регионалната ВРХЛ лига, кои ќе се играат викендов во Подгорица

Термини за двата меча на вардарки во Регионалната ВРХЛ лига, кои ќе се играат викендов во Подгорица

Немањето квалитетна лига во домашни услови е голем проблем за темпирањето на формата на вардарки за мечевите во ЕХФ лигата на шампионките. Регионалната лига непостоеше некој период, сепак на иницијатива на црвено-црните се возобнови повторно Регионалната ВРХЛ лига која сега ќе се игра во турнирски систем.

Прв турнир кој не очекува е овој викенд, домаќин на истиот ќе биде црнагорскиот шампион Будуќност. Истиот ќе се игра во главниот град на Црна Гора, Подгорица.  Термините за мечевите овој викенд се следниве: натпреварот  со домаќинот Будуќност е закажан за во сабота, 14-ти јануари со почеток во  18-30 часот. Имаме натпревар и ден потоа,  во недела на 15-ти јануари играме со Крим Меркатор, овој меч  се игра со почеток во 16-00 часот. Вардарки кои вчера тргнаа со зимските подготовки до петок ќе се тренира во Скопје, потоа нашите  ракометарки во петок напладне заминуваат за Подгорица, Црна Гора за да  ги одиграат мечевите овој викенд.