Sunday ,26 May 2019
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар ја има најдобрата одбрана во лигата
ЖКК Вардар ја има најдобрата одбрана во лигата

ЖКК Вардар ја има најдобрата одбрана во лигата

Девојките на ЖКК Вардар имаат одличен старт на пролетниот дел,  по шест победи оваа пролет викендов ќе атакуваат на седмиот успех во лигата. Минатото коло во СРЦ “Кале“ го пречекавме тимот на ЖКК Работнички кој го добивме во дербито со 73 – 66 тоа беше шеста победа во низа оваа пролет.

Пред црвено-белите ги совладавме и екипите на: Струга, Трокал, Крива Паланка, Патриот и Пелистер. Додатно треба да се напомене и дека во последното есенско коло го совладавме Шкупи низата на успеси е подолга. Избраничките на Жаклина Стојановска имаат 14.победи од 15 одиграни дуели во сезонава. Едноствен пораз е тој од шампионот, Бадел 1862 на домашен терен во “Кале“. Кога сме кај статистиката, таа е одлична. Имаме прва одбрана во лигата, поцврста дури и од на баделки. Досега примивме 611.поена или само 40.поена по одигран дуел. Во нападот сме втора најефикасна екипа, зад нас се девет тима. Погодивме 1287.поена или постигнуваме 86.поена по одигран дуел. Кога сме кај  категоријата “кош-позитивата“ повторно сме број еден со 676+.

Денес гостуваме  во Гостивар кај истоимената женска екипа од истиот град во средбата од 17.коло. Дуелот се игра вечер со почеток во 20 часот 30 минути.