Екипата на Брест Мешков ќе биде противникот на Вардар во полуфиналето на СЕХА-лигата. Ова е разврската од комплетираното 18.коло од регуларниот дел.
Нексе загуби на домашен терен од Брест Мешков, додека пораз доживеа и ППД Загреб во дуелот со Татран Прешов. Така црвено-црните после триумфот против Извиѓач останаа на првото место на табелата, Загреб заврши како втор, Нексе е на третото место, додека Брест Мешков го освои четвртото место.
Така полуфиналните двојки на Ф4 турнирот кој се одигра на 2 и 3.април во градот Брест се: ППД Загреб – Нексе и Вардар – Брест Мешков. Вардар е актуелен освојувач на ова натпреварување, од кое има вкупно четири освоени трофеи.