Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Прилепска Победа е противникот за вардаровите екипи во рамките на 17.првенствено коло
Прилепска Победа е противникот за вардаровите екипи во рамките на 17.првенствено коло

Прилепска Победа е противникот за вардаровите екипи во рамките на 17.првенствено коло

Пионерските екипи на ФК Вардар во недела се домаќини на екипата на Победа, додека кадетите и младинците гостуваат во Прилеп, во рамките на 17.првенствено коло.

Помладите пионери во недела со почеток од 11::00 часот на теренот на Академијата во дербито ја пречекуваат екипата на Победа. Ова е натпревар на првопласираните две екипи на табелата, кои во пресрет на ова коло влегуваат со ист број на освоени бодови (35). Противникот го доби првиот меѓусебен дуел на овие две екипи, одигран во есенскиот дел во Прилеп, минимално со резултат 1:0, па од тука мотивот кај вардарци за триумф е поголем. Важен меч во борбата за трофејот, па победникот во недела сигурно дека ќе ги зголеми шансите за освојување на шампионската титула.

Повозрасните пионери пак се фаворити во дуелот со Победа и не би требало да имаат проблеми околу освојување на бодовите. Во оваа возрасна категорија, противникот се наоѓа дури на осмото место на табелата, со само 13 освоени бодови, додека Вардар е прв 34 бодови. Црвено-црните го добија првиот меч одигран во Прилеп, минимално со резултат 0:1. Дуелот во недела на теренот на Академијата ќе стартува од 13:00 часот.

Кадетите и младинците ќе се обидат да стигнат до третиот последователен триумф во пролетниот дел и да ја продолжат победничката серија. Кадетите на Вардар го загубија првиот меч одигран на домашен терен со резултат 2:3, додека пак младинците беа сигурни и триумфираа убедливо со резултат 5:0. Во кадетската супер-лига, екипата на Победа се наоѓа едно место подоле од Вардар, додека во младинската лига, противникт се наоѓа на претпоследната позиција на табелата. Мечевите против Победа се закажани за во сабота, во термините од 11 и 13 часот.